Можност за плаќање на сметки издадени од ВИП, Т-Мобиле и Македонски Телеком на банкоматите на НЛБ Тутунска банка

52

nlb tutunska

НЛБ Тутунска банка како современа и иновативна банка воведе дополнителна услуга на НЛБ банкоматите наменета за имателите на платежни картички за плаќање на сметки издадени од Т – Мобиле и Македонски Телеком.

Со оваа дополнителна услуга сите иматели на платежни картички покрај сметките издадени од ВИП операторот, отсега на НЛБ банкоматите ќе може да ги плаќаат и сметките издадени од Т – Мобиле и Македонски Телеком.

Плаќањето на сметките може да се направи со било која дебитна или кредитна картичка од програмите на VISA International и  MasterCard Worldwide, без оглед на банката издавач. Плаќањето е брзо и едноставно, без потреба од посета на банка, пошта или соодветното продажно место.

Покрај оваа можност за плаќање на сметки на банкоматите на НЛБ Тутунска банка, може да се врши надополнување на ваучер за припејд корисниците на трите мобилни оператори во Македонија.