Можност за проширување на опфатот на ранливите потрошувачи на енергија за нивна поддршка

28
Владата денеска ја разгледа информацијата за формирање работна група за разгледување можности за проширување на опфатот на ранливите потрошувачи на енергија во Програмата за заштита на ранливите потрошувачи на енергија.

За утврдување на оваа можност, Владата ги задолжи Министерството за транспорт и врски, Министерството за здравство, Управата за јавни приходи и Министерството на финансии и се укажува на Регулаторна комисија за енергетика, ЕВН ХОМЕ и Електродистрибуција, да номинираат по еден член и заменик член во Работната група, а Министерството за труд и социјална политика да номинира членови и заменици членови кои имаат пристап до бази на податоци потребни за работата на Работната група да ги достават потребните информации до Министерството за економија како ресор носител на иницијативата.

Фото: Pexels