Можност за развој на заеднички проекти со Атинската берза што постои од 1876 година

19

Економијата во фокус на средбите на премиерот Зоран Заев, кој заедно со вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, одржаа работен состанок со менаџментот на берзата на Атина, Атхекс груп, која го поддржува работењето на грчкиот пазар на капитал.

На средбата се дискутираше за предизвиците и можностите за развој на заеднички проекти од регионално значење. Премиерот Заев нагласи дека заеднички вложувања и инвестиции се од особена важност за економскиот просперитет.

На средбата беше истакнато дека пазарот на капитал е важен дел од економското функционирање на земјите и улогата и функцијата што ги имаат за раст и развој на економијата и компаниите се исклучително важни.

Премиерот Заев и вицепремиерот Битиќи истакнаа дека државата гарантира и обезбедува пазарни, слободни и транспарентни услови и односи во економијата со еднакви можности, пазарни услови и правила за компаниите.

На средбата беше истакнато дека влезот во НАТО дополнително ја подобрува сигурноста и предвидливоста за нови инвестициски вложувања.

Атинската берза има традиција на постоење од 1876 година, тргуваат големи и средни компании кои имаат потенцијал за раст.