Мукаетов се стекна со 1.800 обични акции на Алкалоид

179

zivko mukaetov

Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Алкалоид, Живко Муакетов, се стекна со 1.800 обични акции издадени од Алкалоид, се наведува во извештајот за промена на сопственост, објавен на Македонска берза.

На 23 мај, на Берзата беше објавен извештај за промена на сопственоста, според кој, Мукаетов тогаш се стекна со 1.445 обични акции издадени од оваа фармацевтска компанија.

Фармацевтската компанија Алкалоид, во период од први јануари до 31-ви март, оствари нето добивка по оданочување во висина од 191.017.000 денари, покажува неревидираниот консолидиран Биланс на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.

Во првите три месеци од оваа година, вкупните приходи од продажба на компанијата беа на ниво од 1.881.124.000 денари, додека во истиот период лани тие беа 1.719.109.000 денари.