МЖСПП донираше опрема за собирање и рециклирање на средства за ладење

21

Осумнаесет компании денеска добија опрема за собирање и рециклирање на средствата за ладење, преку Канцеларијата за озон, која е во склоп на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
Донацијата е дел од проектот за елиминација и контрола на супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка преку програмата на УНДП. Во рамките на овој проект, три училишта добија опрема за демонстрација, фрижидер расклопен на маса со сите делови.
Марин Кочов, раководител на Канцеларијата за озон, појасни дека опремата може да го извлече фреонот од уредот, сервисерот да го поправи и повторно да го врати назад.
“Фреонот поминува низ машината која го филтрира и чисти и повторно го враќа назад. Опремата е многу софистицирана, извлекува 240 грама во минута, односно на еден клима уред може за три до четири минути да му го евакуира фреонот и повторно прочистен да го врати назад”, објасни Кочов.
За набавката на оваа опрема, МЖСПП издвоило 700.000 долари, а за следната година е планирана донација во опрема во вредност од 600.000 долари, додаде заменик-министерот Стево Темелковски.