МЗТ Пумпи ланската година ја заврши со добивка од 166.000 денари

41

mzt pumpi

Компанијата МЗТ Пумпи минатата 2015 година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 166.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2014 година, добивката на компанијата изнесуваше 606.000 денари.

“Заклучно со 31.12.2015 година, компанијата оствари добивка од 166.000 денари, којашто во споредба со истиот период претходната година е помала за 3,65 пати“, стои во Образложението кон билансот на успех.

Вкупните приходи од продажба минатата година имаа салдо од 159.294.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 61.270.000 денари, додека на странски пазари отпаѓаат 98.024.000 денари.

Приоритетна дејност на МЗТ Пумпи е производство и монтажа на пумпи, турбини, хидраулична и еколошка опрема и компресори.