МЗТ Пумпи оствари добивка од 283.000 денари во првото полугодие

13

mzt pumpi

МЗТ Пумпи во првото полугодие од 2016 година прикажа вкупна сеопфатна добивка од 283.000 денари, додека истиот период лани таа изнесуваше 117.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех.

“Заклучно со 30.06.2016 година, компанијата оствари добивка од 283.000 денари, којашто во споредба со истиот период минатата година е поголема за 2,42 пати“, стои во Образложението кон билансот на успех.

Вкупните приходи од продажба во првите шест месеци од годинава достигнаа 71.304.000 денари. Поголемиот дел од 49.427.000 денари е остварен на пазари во странство, додека на домашен пазар се реализирани 21.877.000 денари.

Приоритетна дејност на МЗТ Пумпи е производство и монтажа на пумпи, турбини, хидраулична и еколошка опрема и компресори.