На Boeing му олесна – првпат по 15 месеци

38

Американскиот производител на авиони Boeing тврди дека во февруари добил 82 нарачки за купување на авиони, а дека му e откажанa 51 претходна нарачка.

Со ова соопштение компанијата се пофали дека во февруари за првпат во последните 15 месеци има повеќе нарачки отколку откажувања на набавка на комерцијални авиони.

Покрај тоа, Boeing си ја поврати нарачката на 16 авиони што претходно беа откажани, откако купувачот се предомисли, што укажува дека сега е поизвесно дека нивната продажба ќе помине.

Овие податоци на компанијата и служат како знак за оптимизам во обновувањето на воздушниот сообраќај и патувањата, врз кои пандемијата на коронавирусот имаше многу лош ефект.

Бројот на патници во САД расте заедно со бројот на вакцинациите против Kовид-19, иако нивото на воздушен сообраќај е се уште далеку под нивото од пред пандемијата.

Boeing неколку месеци немаше ниту една нарачка, додека непотребните авиони на многу авиокомпании беа приземјени, и тие се бореа да ги намалат трошоците и да заштедат пари.

Освен пандемијата, Boeing беше во агонија и поради двете авионски несреќи во кои загинаа 346 патници, а во март 2019 година нивниот модел Max беше приземјен на глобално ниво.

Фото: Facebook