На Британците им се заканува недостиг од свежи намирници поради блокадата

63

Британскиот конзорциум на малопродажни објекти предупреди на опасност од недостиг на некои видови на свежи намирници во продавниците пред божикните празници, додека не се расчистат километарските колони од камиони и сообраќајот со Франција не се врати во нормала.

Залихите на свежи намирници, најмногу овошје и зеленчук, во продавниците многу брзо би ги снемало.

Поради делумна блокада на границите, што Франција ја воведе во настојување да го запре ширењето на новиот коронавирус, илјадници камиони се заглавени во главната британска транзитна “порта“ кон Европа, пред Божик, јавува Ројтерс.

Париз и Лондон се договорија возачите кои имаат негативен резултат на ковид тест да можат да се качат на траект. Британските власти наведуваат дека војската ќе почне да им прави тестирање на возачите на камиони, но дека ќе биде потребно време за да се расчисти гужвата.

Фото: Freepik