На чело на СТО за првпат ќе застане жена

65

Постојат големи шанси Нигеријката Нгози Оконџо-Ивеала да стане првата жена и првата Африканка на чело на Светската трговска организација (СТО), бидејќи јужнокорејската кандидатка се повлече од трката поради друга работа.

Јо Мјунг-хи, министерка за трговија на Јужна Кореја, објави дека се повлекува од трката за оваа престижна позиција. Оконџо-Ивеала, економист и поранешен министер за финансии на Нигерија, веќе има силна поддршка од членките на СТО, вклучително и ЕУ, Кина, Јапонија и Австралија.

Сепак, Соединетите држави ја поддржаа другата кандидатка под администрација на Трамп, што го отежнува изборниот процес затоа што, според правилата, сите членови мора да се согласат на изборот.

Нејзиното официјално назначување ќе треба да ја почека новата американска администрација да го назначи својот трговски претставник.

Трговското тело кое постои 25 години никогаш не било предводено од жена.
Фото: Facebook