На четиричлено семејство во април му биле неопходни 33.976 денари за живот

Според Сојузот на синдикати на Македонија, кој на месечно ниво ја изработува синдикалната кошница, ваквото зголемување е резултат на евидентното зголемување на трошоците за живот во април и тоа на храната и пијалаците за 1,2 проценти, хигиената за 1,1 процент и на облеката за еден процент.
Сојузот на синдикатите на Македонија оправдано во изминатиот период бараше минималната плата да изнесува најмалку во висина од 60 проценти од просечната плата, поради тоа што ниту просечната, а ниту две минимални плати не ја покриваат
Синдикалната минимална кошница, односно за да се покрие истата на едно четиричлено семејство му недостасуваат 3.596, денари, па од тука усогласувањето на висината на минималната плата не требаше да биде со надгласување на работниците.
Висината на усогласената минимална плата за 235 денари, наместо за 446 денари колку што укажуваше ССМ е занемарливо поради зголемувањето на цените на производите за исхрана и пијалаци, обувки и хигиена кои се составен дел од Синдикалната минимална кошница, нагласуваат од ССМ.
Фото: Pexels