
На граничниот премин „Богородица“, кој води кон Грција, се забележуваат колони возила што чекаат за излез од државата. Според податоците достапни на веб-страницата на Јавното претпријатие „Државни патишта“, моменталната состојба на граничните премини која може да се следи во реално време покажува дека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања, освен колоните на Богородица.
Зголемената фрекфенција на возила на овој премин, се должи на неработниот ден Духовден, петок (6 јуни), кој е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, а многу граѓани се одлучуваат за патување надвор од земјата.
Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по суви коловози.














