На Јадранот за 96% помалку крстарења

27

Крстарења на странски бродови по хрватскиот дел од Јадранот во текот на минатата година скоро и да немаше, а како причина за тоа се наведува пандемијата и воведувањето на рестриктивни мерки. Лани се остварени само 26, што е 96,4% помалку во однос на 2019 година, покажуваат официјалните податоци.

Таква е ситуацијата низ целиот свет, така што падот на патувања со крузери на глобално ниво е околу 90%.

Светската индустрија што се занимава со овој вид на патувања очекува подобрување на состојбата во втората половина од годината, доколку продолжи процесот на вакцинирање и дистрибуција на вакцините ќе ги олесни ограничувањата за патувања.

Фото: Freepik