На која температура вработените се најпродуктивни?

82

Температурата во работната просторија е важен фактор за продуктивност на вработените. Тоа го потврдуваат и истражувањата, според кои, жените даваат подобри резултати ако во канцеларијата температурата е повисока, додека на мажите тоа не им е клучен фактор.

Податоците покажуваат дека жените даваат одлични резултати ако во канцеларијата има меѓу 21 и 26 степени Целзиусови, додека мажите го даваат својот максимум во работата ако во канцеларијата има помалку од 21 степен Целзиусов.

За да можат колегите и колешките да функционираат без никаков проблем, според истражувањето, најоптимална температура што треба да се одржува во канцеларијата е околу 24 степени. На оваа температура и едните и другите би можеле без проблеми и потешкотии, а во исто време целосно сконцентрирано, да ги извршуваат редовните работни активности.

Фото: Pexels