На крузерите им требаат уште две години за да закрепнат

14

Индустријата на крстарења со крузери ќе се соочи со криза уште најмалку две години и нема да се врати на предпандемиското ниво пред 2023 година, смета Арнолд Доналд, извршен директор на американската компанија Carnival Copr, чие седиште е на Флорида.

Во интервју за Financial Times, Доналд најави дека до крајот на оваа година целата флота на неговата компанија би можела да ја обнови пловидбата, но смета дека за враќање на нивото од пред пандемијата ќе треба повеќе време, пренесува Ројтерс.

Во првиот квартал од оваа година, компанијата пријави поголема загуба од проектираната, бидејќи бизнисот во целост е запрен поради пандемијата.

Фото: Pexels