На Љубљана и фалат нови станови – српски бизнисмен ќе ја искористи приликата

159

Компанијата на српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ во наредните години би можела да изгради околу 500 станови во Љубљана.

Проектот, пред повеќе од една деценија го планираше компанијата Elekta Naložbe, во сопственост на синовите на љубљанскиот градоначалник Зоран Јанковиќ.

Овој џиновски проект, наречен Garden City of Siberia, очигледно ќе се реализира по една деценија мирување, пишува љубљански Financе.

Земјиштето на кое може да се изградат дел од становите во последните неколку години менуваше сопственици поради долговите на Elekta, но заврши во рацете на компанијата Monetik, во сопственост на Костиќ.

Дел од земјиштето на кое може да се изгради новата населба, беше во сопственост на претприатието Baza Dante, кое заврши во стечај. Земјиштето стана сопственост на Друштвото за управување со побарувачка на банките, пишува РТВ Словенија.

Интересот на Костиќ за градба на станови во Љубљана, не е случаен. Љубљана има огромна потреба од новоградби, затоа што во последно време има побарувачка за станбен простор, но и за вложување и понатамошно изнајмување.

Просечната цена на стан во Љубљана лани беше за 69 отсто повисока отколку во остатокот од земјата и близу границата од 3.000 евра по квадрат.

Костиќ лани, ја презеде Heta Asset Resolution, и со тоа ја зајакна присутноста на словенечкиот пазар, каде, меѓу другото сопственик е на хотелот Гранд во Порторож, мнозински сопственик на аеродромот Порторож и сопственик на Горењска банка.