На ова место Гордон Ремзи никогаш не би јадел

316

Има едно место на кое познатиот шкотски готвач и сопственик на ресторани, Гордон Ремзи НИКОГАШ нема да јаде.

“Работев за авиокомпании повеќе од десет години и знам каде беше храната и колку долго стоеше пред да служи. Нема шанса некогаш да јадам во авион“, призна славниот шеф, пренесува Pun kufer.

Ако е гладен пред полетувањето, Гордон Ремзи ќе побара италијански ресторан и ќе нарача ладно предјадење, сирење, чаша црвено вино и неколку парчиња јаболка и круши.

Инаку, Ремзи отвори ресторан на Терминалот 5 на лондонскиот аеродром Heathrow, каде се служат едноставни оброци – од здрави салати, хамбургери и печени стекови до слатки колачи и торта.

Фото: Facebook