На повидок создавање најголема светска хотелска компанија

175

Францускиот национален весник Le Figaro пишува дека францускиот хотелски ланец Accor испитува можно спојување со групата Intercontinental Hotels Group (IHG), потег што ќе создаде најголема хотелска група во светот.

Marriott во моментов е најголемата светска хотелска група, по нејзиното спојување со Starwood во 2016 година.

Главниот извршен директор на француската компанија Себастијан Басен создаде тим на почетокот на јуни да работи на проектот, предводен од финансискиот директор Жан-Жак Морин.

Соединувањето на двата синџири ќе ја создаде најголема хотелска компанија во светот, која ќе го престигне американскиот Marriott. Таа ќе биде во силна позиција да привлече клиенти и сопственици на хотели кои бараат франшиза и договори за управување.

IHG е сопственик на брендовите Intercontinental, Crowne Plaza и Holiday Inn и работи со 5.918 хотели со вкупно 883.364 соби низ целиот свет, од кои повеќето се концентрирани во Соединетите држави. Нејзиниот обрт во 2019-та година достигна 4,6 милијарди долари (3,87 милијарди евра) и се проценува на 7,8 милијарди евра на Лондонската берза.

Accor,  поседува брендови како што се Raffles, Sofitel, Novotel, Mercure, Ibis и работи со 5.099 хотели со вкупно 747.805 соби, но има мало присуство во Соединетите држави. Неговиот обрт лани достигна четири милијарди евра.

Покрај географската комплементарност, соединувањето на двете компании ќе создаде значителни синергии во централните функции, системите за резервација и програмите за лојалност, нотира Le Figaro.

Фото: Freepik