На продажба првиот болид од Ferrari на Михаел Шумахер

20

Неговиот талент веднаш беше забележан и експресно беше доведен во редовите на Benetton. Со овој тим ги освои првите две шампионски титули во 1994 и 1995 година. По одличните резултати со тимот кој денес го носи името Renault, Михаел Шумахер се пресели во веројатно најголемиот F1 тим, Scuderia Ferrari.

Во ноември 1995 година Benetton останува без својата млада тркачка ѕвезда. Шумахер се упати кон Италија, каде пристигна на патеката Fioriano и доби можност да го тестира болидот 412 T2. Тоа е првиот црвен болид зад чиј управувач се нашол легендарниот Германец, пред сезоната 1996 во која тој официјално дебитираше за Ferrari.

Шумахер доби задача да го вози моделот 412 Т2 со број на шасија 157 само за време на тестирањата, додека на самите трки, овој болид беше возен од страна на францускиот тркач Жан Алези.

Ferrari 412 T2 со шасија број 157, Шумахер најпрво го возеше во Фиорано, а неколку дена подоцна и во Ешторил. Инаку, овој модел со Жан Алези зад управувачот успева дојде до подиумот и тоа е последниот V12 тркач на италијанскиот производител. Веќе следната година дебитираше 3,0-литарскиот V10 кој во 2006 година беше заменет со 2,4-литарскиот V8 мотор. Хибридната 1,6-литарска V6 варијанта на сцената стапи во 2014 година.

Преземено од Avtoplus.mk