На продажба Сава центар во Белград по почетна цена од 27,4 милиони евра

74

По неколкугодишни неуспешни обиди да се пронајде приватен партнер, град Белград одлучи да го понуди на продажба Сава центар, пренесуваат српските медиуми.

Бидејќи купувачот, според заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, мора да плати минимум 27,4 милиони евра, колку што изнесува почетната цена, но ќе мора да се обврзе и на негова обнова, па во рок од пет години да вложи минимум 50 милиони евра.

Намената на Сава центар идниот сопственик нема да може да ја менува, бидејќи во процедура е овој објект да стане културно наследство на градот.

Фото: Faceebook