На располагање над 4.000 работни места

12

Според Агенцијата за вработување, во моментов на располагање има вкупно 4.359 слободни работни места, јавува МИА.

Од понудените слободни места најголемиот дел 2.360 се во Скопје, 255 во Битола, 239 во Штип, 155 во Охрид, 129 во Неготино, 127 во Кочани, 116 во Куманово, 115 во Виница, 113 во Струмица, 101 во Тетово. Под 100 работни места има и во Прилеп, Делчево, Радовиш, Струга… Ниту едно слободно работно место според податоците нема во Македонски Брод.

Заклучно со октомври 2014, како невработени се евидентирани 120.741 лица, од кои активни баратели на работа се 102.014 лица. Од нив 22.457 лица се регистрирани во Скопје, 12.386 во Тетово, 10.341 во Куманово, 7.184 во Битола.

Меѓу невработените повеќе од половина или 55.240 се жени, а 46.860 се мажи.

Според образование, најмногу 46.696 се без образование, 36.249 се со средно, 18.346 се непотполно средно образование, 15.992 се со високо, 2.480 со вишо, 957 се магистри и 21 доктор на науки.