На скопскиот пазар Буњаковец уништени сирење, кашкавал и мед бидејќи немале документ за потекло

44

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) казни нерегистрирани производители на сирење во Прилеп и Скопје, како и месарница поради неводење на дневна евиденција за потрошени суровини за производство на подготовки од месо.

Од агенцијата соопштија дека во прилепското село Ново Лагово, земјоделец е казнет поради нерегистрирано производство на сирење и му е наложено да ја регистрира дејноста. Во Прилеп е изречена и казна за месарница поради неводење на дневна евиденција за потрошени суровини за производство на подготовки од месо.

„Казнети се и физички лица на скопскиот зелен пазар „Буњаковец“, нештетно се уништени сирење, кашкавал, мед со саќе, кои немале документ за потекло“, соопшти АХВ.