На Србија ѝ недостасуваат работници – ќе увезува од Бангладеш

75

Туристичките работници во Србија ќе бараат помош од државата при вработување на работници, најави директорот на Здружението на хотелско-угостителско стопанство на Србија (ХОРЕС), Георги Генов.

Тој за агенцијата Бета вели дека во септември ќе формулираат барање до владата на Србија за олеснувања при вработување на работници преку ослободување од данок и придонеси за со поголеми плати да го сопрат заминувањето на неопходниот кадар од земјата.

“На хотелите и рестораните им недостасуваат 15.000 работници, а за да не заминуваат од земјата и да не бидеме принудени работници да увезуваме од Бангладеш, ќе побараме помош од државата“, изјави Генов.

Тој додаде дека еден хотел веќе преговарал за доаѓање на работници од Бангладеш и успеал да ги најде на домашниот пазар во последен момент, но дека “увозот“ од таа земја не е исклучен како решение за дефицитот на пазарот на трудот, особено за келнери, готвачи, собарки.

Фото: Pixabay