Набавени 120 мопеди за разнесување поштенски пратки

20

Со цел да се подобри квалитетот на услугите и условите за работа, Македонска пошта набави 120 мопеди со комплетна опрема за поштарите.

Мопедите, како што стои на официјалната страница на Македонска пошта, се наменети за достава на поштенски пратки, пред сè во руралните средини со ридско – планинска конфигурација на теренот и средини со рамничарска конфигурација на терен каде што поштарите поминуваат подолги релации.

Мопедите се во препознатливата жолта боја, на коишто странично ќе бидат поставени сандачиња за багаж, прицврстени на задниот дел со што ќе се овозможи пренесување на пратки со максимална тежина до 30 килограми по сандаче.