Националната награда Автомобил на годината и официјално доделена на Порше Македонија

18

Skoda Superb e avtomobil na godinata vo Makedonija

Националната награда, Автомобил на годината за 2016, на свеченото доделување отиде во рацете на претставниците на Порше Македонија за годинешниот победник Škoda Superb.

Оваа престижна награда свечено беше доделена во присуство на многубројни гости во хотелот Александар Палас во Скопје. Носителот на престижната титула, Škoda Superb, годинава ги освои симпатиите на стручното жири, но одлучувачки фактор за победата беше онлајн гласањето на македонските граѓани. На гласањето спроведено преку интернет, Škoda Superb освои речиси двојно повеќе гласови од сите останати конкуренти во овој избор, со што заслужено ја понесе титулата Автомобил на годината.

Знаменосецот на Škoda веднаш по лансирањето на светскиот пазар ги освои симпатиите на бројните љубители на висококвалитетни автомобили, при што доби максимални пет ѕвезди од Euro NCAP, европска програма за оценување на нови автомобили. Освен што е апсолутен шампион во Македонија, новиот Superb го доби и значајното признание Фамилијарен автомобил на годината, според престижниот автомобилски магазин AutoExpress, како и признанието Автомобил на годината според посетителите на најголемиот британски веб сајт за автомобили WhatCar!.

“Како компанија имаме поставено за задача за нашите ценети клиенти секогаш да им го носиме најдоброто од автомобилскиот свет. Нашите автомобили секогаш биле вреднувани со највисоки награди и признанија поради нивниот врвен квалитет, дизајн и прецизна изработка. Новиот Škoda Superb е наша особена гордост бидејќи постави едно ново ниво, еден повисок стандард кога станува збор за перформанси и идејни решенија. Овој моќен автомобил несомнено импресионира уште при првата средба со него. Врвната технологија, прогресивниот дизајн, иновативноста и стилот совршено спакувани во еден елегантен пакет го прават новиот Superb уште помодерен и посамоуверен. Порше Македонија останува доследна на својата стратегија со врвна услуга и висококвалитетни автомобили да возвраќа на довербата на клиентите. Новиот Superb, енергичен и динамичен е наша инвестиција  во вашето задоволство“, изјави генералниот менаџер на Порше Македонија, д-р Златко Муцунски.

Токму бројните иновации што ги нуди овој модел беа одлучувачки фактор за да ја добие поддршката на стручното жири. Членовите на жирито, како и изминатите години, својата одлука ја носат врз основа на веќе познатите критериуми, а тоа се адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн, комфор и опременост на возилото.

Претседателот на националното жири, господинот Владо Ристовиќ, ја образложи одлуката на стручното жири и официјално му ја додели наградата на господинот Миле Станчев, бренд менаџер на Škoda, кој во име на Порше Македонија ја подигна наградата.

“Дефинитивно, знаменосецот на Škoda изгледа одлично, нуди многу простор и фантастично возачко икуство, што ја прави најдобриот и најпространиот автомобил во класата. Дизајнерите и стручниот тим на Škoda го поставија овој модел на едно сосема ново ниво кога станува збор за креативноста и технологијата. Автомобилот нуди низа системи за помош кои досега не беа вградувани кај возилата од овој сегмент. Новата технологија, направена според последниот збор на техниката, му помага на возачот во најразлични ситуации во сообраќајот“, изјави Миле Станчев на официјалното доделување на наградата Автомобил на годината за 2016 и се заблагодари на стручното жири и на македонските граѓани кои гласаа за Škoda Superb.