Над 1.000 бесправно изградени објекти во 2014 година

17

На територијата на Република Македонија, во текот на 2014 година, се регистрирани 1.075 бесправно изградени објекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според видот на објектот, бесправно се изградени 196 објекти за домување (18,2%), 176 доградби, надградби и адаптации (16,4%), 74 деловни објекти (6,9%), 80 гаражи (7,4%), 145 огради (13.,%), 12 скалила (1,1%), 45 тераси (4,2%), 8 летни тераси (0,7%), 102 настрешници (9,5%), 101 времен објект (9,4%) и 136 помошни објекти (12,7%).

Најголем број бесправно изградени објекти или 97,5% се во приватна сопственост.