Над 1,6 милиони картички во оптек во земјава, од нив најмногу дебитни

36

kreditni karticki 12

Картичките, без разлика дали се кредитни или дебитни, сè повеќе се користат во Македонија. Доказ за тоа се податоците на Народната банка на Македонија, според кои на крајот на декември минатата година во оптек биле 1.670.765 картички. Од нив дебитни се 1.289.126, кредитни 327.962, а најмалку картичките само за вадење на готовина од банкомат – 53.677.

Дека граѓаните сè повеќе ги користат картичките, покажува и фактот што на крајот на декември 2014 година во оптек биле 1.601.445 картички. Тоа е за 69.320 картички помалку во однос на декември 2015.

kreditni karticki poveke

Со сите видови на картички, на крајот на декември минатата година се направени вкупно 5.498.345 трансакции. Од нив, најголемиот дел или 4.594.354 трансакции се реализирани преку дебитните картички, додека на кредитните отпаѓаат 853.857 трансакции.

Во декември 2014 година, вкупниот број на трансакции направени со картичките изнесува 4.915.996.

Вредноста на реализираните трансакции на крајот на минатата година преку картичките достигна 14.493.974.650 денари. Од нив со дебитните картички се реализирани 12.638.748.368 денари, со кредитните 1.619.533.393 денари, а со кеш картичките 235.692.889 денари.

Статистиката на НБРМ покажува и дека на крајот на декември се отворени 3.178.856 сметки. Но, во истиот период се блокирани сметки на 44.542 фирми и на 77.005 физички лица. Бројот на блокирани сметки бележи пораст и кај физичките и кај правните лица во однос на истиот период во 2014 година. Тогаш биле блокирани сметките на 42.220 фирми и на 60.463 физички лица.

pos