Над 140 милиони долари од извоз на автомобилски делови

15

Извозот на автомобилски делови од Македонија во 2020 година достигна вредност од 140.151.000 долари, што е за 3,2% помалку одошто во 2019 година.

На глобално ниво, извозот на делови за автомобили минатата година достигна вредност од 339,8 милијарди долари, што е за 14% помалку во споредба со 2019 година.

Според податоците на World’s top exports, Германија, САД, Кина, Јапонија и Мексико покриваат 51,3% од вкупниот извоз на делови за автомобили во светот.

Германија е лидер на листата со 16% удел во вкупниот извоз и заработени 54,3 милијарди долари.

Меѓу 10-те најголеми извозници на делови за автомобили се и: САД (33,2 милијарди долари), Кина (32,9 милијарди долари), Јапонија (27 милијарди долари), Мексико (26,7 милијарди долари), Јужна Кореја (15,8 милијарди долари), Чешка (13,2 милијарди долари), Франција (12,6 милијарди долари), Италија (12,6 милијарди долари) и Полска (12,3 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најголем  извозник на делови за автомобили лани беше Словенија со 973,3 милиони долари, по што следат: Хрватска (288,7 милиони долари), Бугарија (216,8 милиони долари), Србија (197,2 милиони долари), Босна и Херцеговина (137,5 милиони долари), Грција (82 милиони долари) и Албанија (8,4 милиони долари).

Фото: Pexels