Над 174% скок на промет на берза оваа недела

51

Вкупниот промет на Македонска берза, во период од трети до седми август, достигна ниво од 2.360.430 евра или 174,97%, покажува Неделниот преглед на Македонска берза.

Истиот период реализирани се 163 трансакции или 56,65% помалку во однос на претходната недела.

Пазарната капитализација оваа трговска недела се позиционираше на 3.258.386.600 евра или пораст од 0,22% во однос на една недела претходно. Пазарната капитализација на седми август беше 1.787.685.139 евра, односно 3,13% помалку во споредба со истиот период минатиот месец.

Индексот МБИ10 на седми овој месец заврши со 4.267,34 поени или 0,52% помалку во однос на минатата недела.

Во овој период, пет најтргувани акции беа оние на: Скопски Пазар, Алкалоид, Комерцијална банка, Макпетрол и Гранит.

Фото: Freepik