Над 4.500 физички и правни лица на листата на должници на УЈП

13

ujp

Вкупно 4.539 физички и правни лица се најдоа на осмата листа на должници на Управата за јавни приходи (УЈП).

Нивните долгови се доспеани до 31.04.2017 и неплатени до 31.07.2017 година, по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Физичките лица и самостојните вршители на должност што се најдоа на оваа листа имаат долг повисок од 120.000 денари, додека кај правните тој надминува 300.000 денари.