Над 487 милиони денари за набавка на вакцини против Ковид-19

86

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 26-та седница, ги усвои измените и дополнувањата на Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија за 2020 година со што се потврдува намерата на Министерството за здравство да учеството во COVAX Facility за набавка на 833.000 дози на вакцини за Ковид-19.

Програмата ќе се реализира во рамките на одобрените средства во висина од 487.900.000 денари, од кои 69.722.000 денари се предвидени за авансно плаќање на вакцините против Ковид-19.

Фото: Freepik