Над 664 милиони евра за Македонија од ИПА II 2014-2020 

25

Вкупно 664,2 милиони евра, односно 320 по глава на жител, се наменети за Македонија од ЕУ преку инструментот за претпристапна помош ИПА II 2014-2020.

Според Националниот стратешки документ ИПА II 2014-2020, кој денеска го промовираа вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и евроамбасадорот Аиво Орав, средствата ќе бидат искористени за реализација на конкретни и стратешки активности во четири приоритетни области како демократија, владеење на правото и човековите права, социоекономскиот развој, образование и развој на човечки ресурси и земјоделство и рурален развој, јавува Миа.

“За 2007-2013 година ИПА изнесуваше 614,5 милиони евра вклучително со пограничната соработка, ИПА 2 за РМ изнесува 664,2 милиони евра. Дополнително на ова од регионалниот фонд за развој на ЕУ ќе се користат средства за прекуграничната соработка”, рече вицепремиерот Бесими.

Според програмата, за демократија и владеење во следните седум години ќе бодат алоцирани 122,9 милиони евра, за владеење на правото и човековите права 83 милиони евра, за животна средина и климатски акции 112,9 милиони евра, колку и за транспорт, за конкурентност и иновации 73 милиони евра, за образование, вработување и социјални политики 53 милиони евра и 106,3 за земјоделство и рурален развој.