Над 7,6 милиони денари добивка за Адинг во 2014

24

ading

Компанијата Адинг оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 7.647.000 денари во 2014 година, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно добивката на Адинг беше на ниво од 12.164.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во период од 01.01 до 31.12 беа во вредност од 253.143.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 146.177.000 денари, додека остатокот од 106.966.000 денари се реализирани на странски пазари.