Над 94% од деловните субјекти користат компјутер во работењето

23

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2018 година, 94,4% од деловните субјекти користеле компјутер во својата работа.

Широкопојасен пристап на интернет преку фиксна конекција имале 81,5% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.

Од вкупниот број на деловни субјекти, 53,9% имале веб-страница или почетна страница. Од нив, 89,6% на веб-страницата имале обезбедено опис на производите/услугите, ценовници, 51,7% имале наведено линкови/референци до нивните профили на социјалните медиуми, а 21% обезбедиле онлајн нарачување или резервирање.

Во однос на е-трговијата, 5,7%, од деловните субјекти, со Е-продажба примиле нарачки преку компјутерските мрежи, а 4,4% од деловните субјекти примиле нарачки за стоки или услуги, преку Веб-продажба.