Над 95% од потрошувачката на јаглен искористена за производство на струја

34

Бруто-домашното производство на електрична енергија во август оваа година учествува со 94,7% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95,8% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во август, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 525.962 МWh електрична енергија, 36.719 мил. нм3 природен гас, 315.301 тон јаглен и 81.663 тони нафтени продукти.

Фото: Freepik