Над 96% од потрошувачката на јаглен е за производство на струја  

43

Бруто домашното производство на електрична енергија, во мај оваа година, учествува со 63,5% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,1% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 524.980 МWh електрична енергија, 3.505 мил. нм3 природен гас, 363.229 тони јаглен и 79.336 тони нафтени продукти.

Фото: Freepik