Над осум милиони тони отпад направиле компаниите во Македонија

19

Вкупното количество на создаден отпад според секторите на економска активност во Македонија во 2012 година изнесува 8.482.814 тони, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголемо количество отпад, 6.359.846 тони или 75%, е создадено во секторот Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината. Во секторот Преработувачка индустрија се создадени 1.303.806 тони отпад и во секторот Рударство и вадење на камен се создадени 802.124 тони.

Вкупното количество на создаден опасен отпад изнесува 679.956 тони или 8% од вкупното количество на создаден отпад. Најголемо количество на опасен отпад, односно 666.619 тони е создадено во секторот Рударство и вадење на камен.

Од вкупното количество на создаден отпад, 1,78% или 151.264 тони се предаден отпад, односно отпад кој деловните субјекти го предале на други физички или правни лица во земјата или во странство во текот на 2012 година.

Вкупното количество на примен отпад, односно отпад кој деловните субјекти го примиле од други физички или правни лица од земјата или од странство во текот на 2012 година, изнесува 852.711 тони.

Во текот на 2012 година се преработени 91.905 тони отпад. Вкупното количество на отстранет отпад изнесува 8.936.505 тони.