Над пола милијарда евра испрати косовската дијаспора

30
Man working on laptop from garden. Counting financial data Bank, banking, bill.

Рекордни 526 милиони евра дознаки од дијаспората пристигнале од јануари до крајот на јули на банкарските сметки на жители на Косово, пренесува Бета.

Ова го изјави заменик министерот за надворешни работи и дијаспора на Косово, Беким Брестовци.

“Пристигнале 47 милиони евра повеќе одошто во истиот период минатата година“, рекол Брестовци, додавајќи дека и покрај потешкотиите со пандемијата, дијаспората е најголем поддржувач на економскиот развој на Косово.

Албанците од Косово и Метохија кои работат во странство во првите шест месеци од оваа година кај своите семејства испратиле 433 милиони евра на име дознаки, што е за 28 милиони евра повеќе во споредба со истиот период лани

Фото: Freepik