Надеж дека луѓето пак ќе се собираат – Кинезите градат стадион од 1,7 милијарди долари

99

Додека Кинезите полека се враќаат на работа, кинескиот фудбалски клуб Guangzhou Evergrande започна проект вреден 1,7 милијарди долари за изградба на фудбалски стадион.

Стадионот во облик на лотосов цвет со 100.000 места треба да биде завршен во 2022 година, па медиумите плановите за негова изградба го толкуваат како оптимизам на владата за продолжување на масовни собири и знак дека собирите како спортски настани дотогаш ќе продолжат без ограничување за социјално дистанцирање.

“Се надеваме дека  на овој стадион ќе биде одржана церемонијата за отворање на Азискиот куп 2023 година“, рече претседателот на клубот Хсиа Хаијун.

Тој рече дека стадионот ќе стане нова светска знаменитост.

Guangzhou Evergrande  е во сопственост на Evergrande, најголемата компанија за продажба на недвижнини во Кина со 65 милијарди долари приход во 2019 години.

Фото:YouTube Printscreen