Нафтата бележи благ пад, криптовалутите во црвено, житарките во минус

51

Нафтениот пазар од утрово бележи благ пад. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар е 110 долари, за разлика од вчера кога изнесуваше 112 долари за барел. Цената на нафтата на американскиот пазар изнесува 110 долари, што исто така е намалување во однос на вчера.

Пазарот на криптовалути утрово и понатаму е во минус. Вредноста на биткоинот е 29.010 долари, што е намалување за околу 3% во однос на вчера. Другите криптовалути се исто така во црвено.

Цена на пченица и пченка

Цените на житариците од утрово се во минус. Цената на пченицата е 1.230 долари за тон, што е пад од околу 3 отсто во однос на вчерашниот ден. Цената на пченката е 781 долар, што е намалување од 2 отсто во однос на вчера.