Нафтата на највисоко ниво од јануари лани

19

Цените на нафтата на светските пазари минатата недела забележа пораст за околу 5% и го достигна највисокото ниво во последната година. Како причина за поскапувањето се мерките за поддршка на американската економија, што се очекува да ја зголеми побарувачката за нафта.

Цената на барел на лондонскиот пазар минатата недела порасна за 5,3% на 62,43 долари, што е највисоко ниво од јануари минатата година. На американскиот пазар, пак, барел нафта поскапе за 4,7% на 59,47%, што е највисоко ниво од јануари 2020 година.

Силниот раст на цената на нафтата втора недела по ред е благодарение на оптимизмот што владее меѓу инвеститорите дека американскиот Конгрес наскоро ќе го прифати предлогот на претседателот Џо Бајден за дополнителен пакет за финансиска помош во вредност од 1.900 милијарди долари.

Растот на цените на нафтата е и поради дисциплината на земјите членки во ОПЕК во спроведување на договорот за намалување на производството.

Фото: Pexels