Нафтата се приближува кон 66 долари

63

Цените на нафтата на меѓународните пазари се приближуваат кон 66 долари, а како причина за тоа се наведува обновеното производство во САД по поларниот бран и проценките за контрола на пандемијата.

На лондонскиот пазар, цената на барел нафта порасна за 36 центи на 65,60 долари, а на американскиот пазар се тргуваше по 39 центи повисока цена или 62,09 долари.

Светски пазари се размрдаа по најавите дека се возобновува производството во Тексас што беше запрено поради поларниот бран. Во исто време, официјалните бројки покажуваат намалување на заболени од коронавирусот, а трговците се охрабрени и од спроведување на вакцинација ширум светот.

Фото: Freepik