Нафтата се задржа на околу 64 долари за барел

5

Цените на нафтата на меѓународните пазари се задржаа на ниво од 64 долари, поради стравот дека водечките производители ќе ја зголемат понудата, а побарувачката од Кина ќе се намали.

На лондонскиот пазар цената на барел нафта се намали за 14 центи и изнесуваше 63,55 долари, додека на американскиот пазар се тргуваше по 60,55 долари.

Цените беа под притисок од намалување на кинеската побарувачка откако во февруари е забележана намалена економска активност во индустријата.

Дополнителен притисок доаѓа и од очекувањата дека земјите извознички на нафта и нејзините сојузници планираат зголемување на производството на нафта.

Фото: Pexels