Наградна игра на ЏаБест по повод вториот роденден

149

dzabest

Tелекомуникацискиот оператор ОНЕ информира дека во пресрет на вториот ЏаБест роденден организира забавна игра под мотото #ЏаБестПредизвик, во која се предвидени награди за натпреварувачите.

Станува збор за акција во која 100 натпреварувачи, во период од три недели, почнувајќи од денеска ќе треба да исполнуваат различни задачи преку своите профили на социјалните мрежи: Facebook, Twitter и Instagram, да освојуваат поени и да се натпреваруваат за вредни награди, а најсреќниот учесник ќе го добие најновиот Samsung Galaxy S5.

Право на учество имаат сите граѓани на Македонија кои се подготвени сите активности поврзани со овој предизвик да ги споделуваат јавно на своите профили на социјалните медиуми.  Пожелно е секој натпреварувач да има активен ЏаБест број, но доколку нема, а е избран да учествува, истиот ќе може бесплатно да го добие во најблискиот салон на ОНЕ пред почетокот на предизвикот.