Наградна игра на Комерцијална банка и MasterCard

20

uefa

Започнува голема наградна игра на Комерцијална банка и MasterCard® по повод УЕФА Супер купот во Скопје.

Во периодот од 12-ти до 26-ти јули 2017 година, секоја трансакција на продажни места направена со дебитна или кредитна картичка од сите програми на Mastercard® на Комерцијална банка од најмалку 600 денари, ќе носи една шанса во Наградната игра и можност да ги гледате Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во живо.

“Доделуваме 10 комплети од по два билета за УЕФА Супер купот којшто ќе се одржи на осми август 2017 година во Скопје, оригиналната фудбалска топка којашто ќе се користи за време на натпреварот, 20 гифт – картички за трговскиот центар Скопје Сити Мол во вредност од 3.000 денари и 80 гифт – картички во вредност од 1.000 денари.

Во Наградната игра учествуваат сите трансакции направени на продажни места во Република Македонија, како и E – commerce трансакции (плаќање преку Интернет) на македонски интернет портали. Секоја трансакција од најмалку 600 денари носи една шанса, што значи колку повеќе плаќате – толку повеќе шанси добивате да бидете дел од фудбалската историја.

Извлекувањето на наградите ќе се изврши на 28.07.2017 година, а списокот на добитници ќе биде објавен на интернет сајтот на Комерцијална банка.