Најбогати земји во светот оваа година

139

Катар е најбогата земја во светот според бруто домашен производ по глава жител, којшто достигна 138.900 долари.

При анализата на Howmuch.net, предвид се зема бруто домашниот производ по глава жител, бидејќи тој е одраз на економската активност на една земја прилагодена на бројот на жители во земјата.

Според податоците, освен Катар, во светот има четири земји чиј БДП по глава жител надминува 100.000, а тоа се: Макао (113.400 долари), Луксембург (112.000) и Сингапур (105.700 долари).

Во втората петорка влегуваат: Ирска (87.000 долари), Брунеи (85.000 долари), Норвешка (79.600 долари), Обединети Арапски Емирати (70.400 долари), Кувајт (67.900 долари) и Швајцарија (67.600 долари).

Овој индикатор (БДП по глава жител) покажува дека најбогатите земји во светот имаат помалку жители, па на пример, Кина, Индија и Јапонија не се меѓу првите 10 земји.

На Стариот континент, најбогати земји, според овој индикатор се, Луксембург (112.000 долари), Ирска (87.000 долари), Норвешка (79.600 долари), Швајцарија (67.600 долари), Сан Марино (62.900 долари), Холандија (60.300 долари), Исланд (57.000 долари), Шведска (56.000 долари), Данска (55.700 долари) и Германија (55.300 долари).

Фото: Pexels