Најбогатиот Африканец ќе ризикува – сака да ја трансформира економијата на Нигерија

154

Алико Данготе, најбогатиот човек во Африка, планира да инвестира повеќе пари од неговата нето вредност (13,5 милијарди долари), поточно 15 милијарди долари, за изградба на една од најголемите рафинерии за нафта во светот.

Во време кога пазарот на нафта полека закрепнува, Данготе реши да ризикува. Сепак, овој “облог“ има голем потенцијал: целосно да ја трансформира економијата на Нигерија. Гувернерот на Централната банка, Годвин Емефиле рече дека проектот може да вработи повеќе од 70.000 луѓе откако ќе биде оперативен.

“Да, ризиците се големи, но и наградите“, рече Девакумар Едвин, извршен директор на рафинерискиот комплекс, кој соработуваше со милијардерот Алик Данготе околу три децении.

Инаку, Данготе е роден во 1957 година во градот Кано, а индустрискиот конгломерат Dangote group е основан во 1981 година. Тој е основач и претседател на Dangote Cement, најголемиот производител на цемент на африканскиот континент. Неговото богатство се проценувана нешто над 10 милијарди долари, а според тоа е 136-от најбогат човек во светот. Данготе живее во Нигерија и има 62 години.

Фото: Facebook