Ова се најбогатите луѓе во Африка

218

На врвот на листата на најбогати луѓе во Африка, според магазинот Forbes, се најде Алико Данготе. Тој е основач и претседател на Dangote Cement, најголемиот производител на цемент на африканскиот континент. Неговото богатство се проценувана нешто над 10 милијарди долари, а според тоа е 136-от најбогат човек во светот. Данготе живее во Нигерија и има 62 години.

Меѓу петте најбогати жители на Африка се и:

Насеф Савирис – неговото моментално богатство се проценува на околу осум милијарди долари. Тој има 58 години и потекнува од најбогатото семејство во Египет. Инаку се занимава со градежништво.

Мике Аденуга – тој е вториот најбогат човек од Нигерија. Неговото богатство, што се проценува на 7,7 милијарди долари, доаѓа од бизниси со телекомуникациски услуги и производство на нафта.

Ники Опернхајмер – заедно со Аденуга го делат третото место, бидејќи и Опенхајмер располага со богатство од 7,7 милијарди долари. Тој доаѓа од Јужна Африка, има 74 години, а богатството го должи на неговото семејство. Опенхајмер во 2012-та година продаде 40% од акциите на неговата компанија за дијаманти DeBeers на рударската групација Anglo American за 5,1 милијарди долари во готовина.

Јохан Руперт – овој 69-годишен милијардер доаѓа од Кејп Таун, Јужна Африка. Претседател е на компанијата Compagnie Financiere Richemont, којашто е препознатлива по брендовите Cartier и Montblank. Неговото богатство е проценето на 6,7 милијарди долари.

Фото: Pexels