Најбогатиот човек на светот стана уште побогат

88

Богатството на најбогатиот човек во светот, Џеф Безос достигна рекордни 180 милијарди долари во услови на зголемување на цените на акциите на неговата компанија Amazon, соопшти Forbes. Инаку, само пред една недела нето вредноста на имотот на Џеф Безос, достигна вредност од 171,6 милијарди долари, по порастот на цената на акциите на Amazon.

Пазарната капитализација на Amazon достигна 1,52 трилиони (илјади милијарди) долари. Така, Безос, кој поседува 11,1% од акциите на онлајн трговијата на мало, надмина 181,5 милијарди долари. Forbes потенцира дека ова е рекорд за сите времиња од почетокот на статистиката.

Во април, Forbes третпат по ред го постави Безос на врвот на листата на најбогати луѓе во светот. Неговото богатство тогаш беше проценето на околу 113 милијарди американски долари.

Второто место му припадна на еден од основачите на корпорацијата Microsoft, Бил Гејтс, со 98 милијарди долари. Главниот извршен директор на француската група компании LVMH, Бернард Арно се искачи на третото место со своите 76 милијарди долари.

Компанијата Amazon, која продава стоки и услуги преку Интернет, е основана од Безос во САД во 1994 година.

Фото: Pixabay