Најбогатиот Европеец загуби 21 милијарда долари, Безос повторно го надмина

244

Џеф Безос ја врати лидерската позиција како најбогат човек во светот откако ја загуби позицијата во јули од Бернард Арно.

Во последните две трговски сесии, акциите на Amazon загубија 1,3 и 0,42 проценти од нивната вредност, но ова, всушност, е плус за Безос, бидејќи акциите на компанијата ЛВМХ, управувана од Арно, објавија сериозен колапс.

Во средата тие загубија 5,2 проценти од нивната вредност, а вчера паднаа за 6,38 проценти. Ова ја намали состојбата на Французинот за 9,9 и 11,7 милијарди долари само во последните два дена.

По турбуленциите, Арно сега е на третото место на листата на Форбс на најбогати луѓе во светот, откако беше надминат од Елон Маск.

Маск поседува 177 милијарди долари, или 8 милијарди долари помалку од Безос и 4 милијарди долари повеќе од Арно.

Коосновачите на Microsoft иFacebook, Бил Гејтс и Марк Закерберг се најдоа во топ петв на едно од најпрестижните рангирања во светот.

Безос во моментов поседува повеќе од 10% од капиталот на Amazon, од каде доаѓа 88% од неговото богатство. Тој исто така е сопственик на компанијата за вселенски патувања и истражувањаBlue Origin, весникот Вашингтон Пост и голем број имоти во САД, кои се купени со дел од парите од продажбата на акции во Аmazon  во последните години.

Досега Безос продал хартии од вредност за 27 милијарди долари, пишува Форбс.

Богатството на Маск во голема мера се должи на Теsla и SpaceX, додека Арно поседува 47 проценти од ЛВМ“, како и 6 проценти од ланецот супермаркети Карфур и 2 проценти од компанијата за луксузни производи Хермес.